петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 22 ново

Автомобил излета во нива, тројца повредени

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околиу 21:20 часот се случила на магистралниот пат Радовиш – Штип.

Патничко моторно возило „Рено Клио“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(35) од Штип во кое имало тројца сопатници, излеталo од десната страна надвор од коловозот во нива.

– По несреќата, сите сопатници биле пренесени во Клинички центар Штип, каде кај еден од нив биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај другите биле констатирани лесни повреди –  информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top