вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Заврши четвртото издание на „Скопје синема сити“

Со проекциите на филмовите „Студиото Ханса крај ѕидот“ и „Курт Кобејн: Монтажа на еден пекол“ во Кинотека на Македонија се заврши летното издание на Скопје Синема Сити.

Во изминатите денови на фестивалот беа прикажани 15 филмови и имаше два настапи на Квинтетот на Гоце Стевковски и Дијана Димитриевска. Исто така, со фестивалот се затвори и изложбата на џез фотографии на Татјана Ранташа „Џез-Тетика“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top