вторник, 14 август 2018 | Вести денес: 83 ново

Ќе се истражуваат случаите со исчезнати бебиња во Србија

По четири месеци од формирањето, започнува со работа мешовита комисија во Србија, којашто ќе врши истрага за случаите со исчезнати бебиња во изминатите години. Во комисијата има претставници од државни институции и родители на деца кои се сомневаат дека децата им се исчезнати од породилишта.

-Формирањето и почетокот на работата на комисијата едвај го завршивме благодарение на министерот Небојша Стефановиќ и Владата и покрај противењето на остатоците на поранешните режими во институциите- изјави за весникот весникот „Вечерње новости“, Радиша Павловиќ, член на Комисијата и претседател на Здружението „За вистина и правда за бебињата“.

Комисијата ќе биде задолжена и да испита одговорност на оние кои со години спречувале истрага. Според Павловиќ, родителите сакаат да ја знаат вистината и потоа и правда.

За законот расправаше и Комитетот на министри на Советот на Европа кои надгледуваат спроведување одлуки на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Тие изразија длабоко жалење бидејќи властите во Белград пропуштиле да спроведат мерки од судски пресуди за да се обезбеди воспоставување механизам за обештетување за сите родители на исчезнати бебиња. Судот издаде налог за Србија за институционално решање на прашањата за исчезнати бебиња пред пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top