петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 19 ново

Гонзалес: Уште не е готово

Македонската машка ракометна репрезентација на првиот меч од баражот со Романија за пласман на Светското првенство (СП) си обезбеди сигурна предност од осум голови. Селекторот Раул Гонзалес и покрај триумфот е внимателен и не сакаше уште сега да ја прогласи Макеоднија како сигурен учесник на Мундијалот во јануари 2019 година кој ќе се одржи во Данска и во Германија.

– Тука го одигравме само првото полувреме и на реваншот очекуваме да биде тешко. Имаме победа од осум разлика, но не е готово. Имавме тежок почеток, но потоа беше полесно откако реализиравме неколку брзи напади. Во второто игравме и добро, но имавме и неколку грешки. Романците имаат добар тренер и добри играчи и сигурно дека очекувам да биде тешко и на реваншот во среда – вели селекторот Гонзалес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top