среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Фетел најбрз на ГП во Канада

Себастијан Фетел без многу проблеми стигна до победа на ГН на Канада која е јубилејна 50-та во неговата кариера, а Ферари по долги години се радува на триумф во Монтреал.

Германецот имаше перфектна трка, водеше од почетокот до крајот и во ниту еден момент не дозволи да биде загрозен. За него ова беше јубилејна 50-та победа во кариерата.

Втор низ целта мина Валтери Ботас, а последното место на пиедесталот му припадна на Макс Верстапен, кој беше најбрз во финишот од трката но немаше време да стори нешто повеќе.

Во една прилично досадна трка без многу претекнувања, во бодови уште завршија и Кими Раиконен, Нико Хулкенберг, Карлос Саинц, Естебан Окон и Шарл Леклерк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top