вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Илјадници луѓе се собраа на протест против романското СЈО поради корупција

Повеќе од сто илјади приврзаници на власта се собраа во главниот град на Романија, Букурешт, во саботата, во знак на протест поради наводните злоупотреби од страна на обвинителите во истрагата за корупцијата

Владејачките социјалдемократи сметаат дека обвинителите имаат премногу моќ, тврдејќи дека илегално ги прислушувале телефоните и ги таргетираат службениците без доволна причина.

– Дојдов тука за да ја поддржам вистинската правда, а не онаа што е направена со монтирани случаи и лажни сведоци – рече еден демонстрант.

Канцеларијата за борба против корупцијата соопшти дека успешно гонела над 700 функционери во 2017 година, вклучително и сенатор, критичарите на митингот, велат дека протестот е насочен кон заплашување на судиите и романскиот претседател Клаус Јоханис, кој ја поддржува борбата против корупцијата.

– Многу е чудно да се одржи митинг на партиите што се на власт против она што го нарекуваат длабока држава. Длабоката држава обично е многу поврзана со теориите на заговор – рече професорот Андреј Тарану, доктор по политички науки, на Национална школа на политички науки и администрација.

Минатата година Романија ги виде најголемите протести по падот на комунизмот откако владата се обиде да ја декриминализира некои видови на злоупотреба на службена должност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top