недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

„Вардарки“ се собраа повторно, овој пат за свадбата на Пенезиќ (видео)

Ракометарките на Вардар повторно се собраа заедно, овој пат за свадбата на својата соиграчка која заплови во брачните води. Станува збор за Андреа Пенезиќ која со брак ја круниса долгогодишната врска со голманот на Ренова, Матија Кобетиќ.

Младенците судбоносното „да“ го кажаа вчера на свечената церемонија во Загреб, на која присуствуваа и дел од ракометарките на Вардар како и поранешни соиграчки на Пенезиќ.

извор: 24Ракомет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top