четврток, 21 јуни 2018 | Вести денес: 30 ново

Ексклузивно: НАСА пронајде 500 евра на Марс

Роверот на НАСА, Кјуриозити, кој пред неколку дена пронајде траги на органски материи кои во минатото биле извор на живот на Марс, дојде до ново големо откритие.

Американската вселенска агенција НАСА пред неколку часа соопшти дека после шокантното пронаоѓање на доказ за живот на Марс, Кјуриозити под слој на големи карпи успеал да пронајде и банкнота од 500 евра врз кои во моментов се вршат дополнителни анализи.

Според првичните неофицијални сознанија на политичките експерти од Македонија, ова е сосема логичен редослед на откритијата, односно после пронаоѓањето на животот, логично беше и да се пронајдат и траги од 500 евра на Марс, како знак дека покрај живот, на црвената планета некогаш имало и 500 евра плата.

„Очигледно е дека пред 30-35 милиони години СДСМ бил на власт на Марс, тоа се гледа по откривањето живот, како и 500 евра плата. Ова е јасен доказ дека она што СДС ќе го вети, го исполнува. Очекувам Македонија со СДСМ на власт за многу кратко време да изгледа како оваа планета“, изјави портпаролот на македонската академија за вселена и историја Кире Пошмакоски.

Американските медиуми тврдат дека НАСА ја продолжува потрагата по 500 километри автопат, 100.000 денари плати за докторите како и по гаранциите за неменување на Уставот кои Заев ги даде пред неколку месеци.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top