четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 65 ново

Фотографија која влезе во историјата: Меркел и Трамп на Самитот Г-7!

На официјалниот профил на Инстаграм на германската канцеларка Ангела Меркел се објави историска фотографија на светските лидери од кои во преден план се токму Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп.

Според аголот на фотографијата, во ситуацијата доминира канцеларката. Авторот на оваа фотографија е официјалниот фотограф на германскиот кабинет, Јеско Дензе, кој успеал да ја фати канцеларката како стои над американскиот претседател кој седи со скрстени раце. Исто така, на масата се и францускиот претседател Емануел Макрон и британската премиерка Тереза Мај.

Се чини дека на оваа фотографија се гледа само една од неколкуте тензични ситуации на самитот Г-7 во Кадана.

Настанот беше наречен и Г-6 плус еден“ поради однесувањето и одлуките на Трамп да го повлече САД од нуклеарниот договор со Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top