четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 68 ново

Макрон: Заедничкото соопштение на Г-7 е само прв чекор

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека заедничкиот текст на лидерите на земјите од групата Г-7 претставува само прв чекор во обидот „да се стабилизираат работите“.

– Договорот е добра вест и претставува заедничка желба да се стабилизираат работите. Сепак, не мислам дека е постигнато се со заедничкото соопштение. Очигледно е дека во наредните недели и месеци ќе мораме да продолжиме да работиме, нагласи Макрон.

Како што јави МИА, на Самитот на Г-7 во Ла Малбе лидерите се договорија за заеднички текст и покрај многу бројните несогласувања меѓу САД и останатите земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top