понеделник, 18 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Ќе се скршат многу женски срца: Таа е жената со која Саша Ковачевиќ ќе излезе пред олтар (Фото)

Саша Ковачевиќ го освојува медиумското внимание со квалитетниот пристап кон својата професија, добриот изглед, но и фактот што кариерата не ја гради со скандали и сензации.

Но она што особено ја интересира јавноста, посебно женскиот дел на неговата публика, е неговиот љубовен живот. Иако за него зброува доста ретко, сепак, Саша направи исклучок во оваа пригода.

Секој од нас може да почувствува кога му одговара некоја жена и кога ќе се појави таа хемија. Така е и во мојот случај со Зорана. Верувам дека ова е она вистинското“, открива пејачот, а потоа додава:

Зорана ме освои со својата насмевка, спонтаност, природност. Скромна е. Има многу фактори со кои ме освои. Убавината се подразбира“, смеејќи се раскажува Ковачевиќ.

На прашањето дали планираат наскоро да излезат пред матичар, Саша одговори:

Зошто да не? Ќе покаже времето. Веќе не сум толку млад.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top