недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Меси не го вклучи Роналдо на листата на најдобрите играчи на СП

Најголемата аргентинска фудбалска ѕвезда Лионел Меси, не го вклучи најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо, на листата на најдобрите играчи на Светското првенство 2018 година.

– Бразил ги има Нејмар и Филип Кутињо. Шпанија ги има Андрес Иниеста и Дејвид Силва. Германија нема играчи-ѕвезди, но сите тие се силни. Белгија може да смета на Еден Азар и Кевин Де Брејн. Најдобрите играчи на француската репрезентација се Антоан Гриман и Килјан Мбапа. На овој турнир ќе видиме многу добри играчи, одговори Меси на прашањето кои се најдобрите на Мундијалот 2018.

Светското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во 11 градови во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top