вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Сакате да бидете среќни? Јадете сладолед!

Дека сладоледот е добар за вашето психичко здравје тоа го потврдуваат и британските експерти.

Сакате да бидете среќни? Јадете сладолед!
Ова воопшто не е шега, ова е препорака на експертите од Харвард.

Тие во тек на своето испитување дошле до сознание, дека овој ладен деликатес, го создава истото пријатно чувство, емоција во мозочните центри, како и кога човекот добива пари или кога ја слуша својата омилена музика.

Доволно е само една лажичка сладолед за да предизвика реакција во зоните на среќата во нашиот мозок.

СЛАДОЛЕД ПРОТИВ СТРЕС
Сладоледот е создаден за вашето здравје бидејќи го ублажува стресот и така го трга ризикот од целата низа на заболувања кои ги создава стресот.

Докажано е дека на психата посебно позитивно делува сладоледот од ванила.

Ладниот деликатес го создава истото пријатно чувство, емоција во мозочните центри како и кога човекот добива пари или кога ја слуша омилената музика. Тоа го утврдиле експертите на Харвард , скенирајќи ги мозочните бранови на испитаниците додека јаделе сладолед од ванила.

Тоа не е се … сладоледот е добар и за други нешта.

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ
Сладоледот не ве дебелее, природен е и богат со минерали и витамини. Нутритивната вредност на сладоледот е голема бидејќи 100 г. Има околу 200 калории. При производство на сладоледот се користи обезмастено млеко во прав и природни бои.

СЛАДОЛЕДОТ И КАЛЦИУМОТ
Денеска скоро сите сладоледи се прават од блага павлака, па преку нејзе телото се снабдува со калциум, посебно значаен за коските. Затоа сладоледот е битен и за лицата кои не сакаат да пијат млеко и не јадат ферментирани млечни производи.

http://ezdravje.mk/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top