петок, 17 август 2018 | Вести денес: 80 ново

Жељко за прв пат искрено проговори за својот живот: Навистина тешко, од немаштија до фактот дека од дома заминав многу млад

Еден од најпопуларните пејачи Жељко Јоксимовиќ ја отвори душата, па кажа се што му се случувало, а не е толку пријатно.

-Секоја работа бара жртва и одрекување. Мислам дека не правев големи компромиси во таа смисла. Го следев својот пат и се трудев работата да не ми биде господар, туку обратно, изјави Жељко за српските медиуми и додаде:

-Секогаш кога ќе забележев дека станувам жртва на она што го работам, се откажував и се повлекував. Сакам баланс во секој аспект, на работа, во семејството, во животот.

Јоксимовиќ говорел и за тешките моменти од неговиот живот.

-На почетокот беше навистина тешко, од немаштија до фактот дека од дома заминав многу млад за да се школовам за музика, и така понатаму. Тешко е кога работите во вечерни часови, па мора да бидете будни цела ноќ, изјави популарниот пејач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top