недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Почина југословенската фудбалска легенда Фадиљ Вoкри

Фудбалската легенда, ѕвездата на косовскиот и југословенскиот фудбал, Фадиљ Вoкри почина утрово од срцев удар на 57-годишна возраст.
Веста за смртта на Вокри, кој долги години откако престана активно да игра фубал и беше претседател на Фудбалската федерација на Косово, за „Газета Експрес“ ја потврдил негов близок пријател.

– Се верува дека е срцев удар, но го чекаме лекарскиот извештај, изјавил изворот за приштински портал.

Фадиљ Вокри беше славен како еден од најдобрите центарфори во осумдесетите години во југословенскиот фудбал. Играше за фудбалските клубови Приштина и Партизан од Белград, беше член на репрезентацијата на тогашната заедничка држава.

Тој го внесе Косово во УЕФА и ФИФА. Во 1986. беше прогласен за фудбалер на годината во Југославија. Во репрезентацијата на Југославија одигра 12 натпревари и постигна 6 гола.

Во периодот 1990-92 играше за Фенербахче. Кариерата како фудбалер ја заврши во 1995 како челн на францускиот второлигаш Монтлукон.

Роден е на 23 јуни 1960 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top