вторник, 14 август 2018 | Вести денес: 83 ново

ВМРО-ДПМНЕ: По неколку минутен дожд Центар плива во вода

Откорнати дрвја, причинета материјална штета, поплавени улици и домови на граѓаните ваква е сликата денес од Центар после неколку минутен дожд, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ е 5 години власт во општина Центар и низ раце им поминаа повеќе од 100 милиони евра и сепак не успејаа да ја средат атмосферската канализација и да го подоборат работењето на службите. Богдановиќ и неговиот партиски другар Шилегов го оставија Скопје и Центар речиси еден час под вода. Дали Богдановиќ вака си замислува најурбаната општина во Република Македонија која по само неколку минутен дожд плива под вода“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија апелираат до Општина Центар и до градоначалникот Богдановиќ да ги стават на располагање сите ресурси и да им излезат во пресрет на сите граѓани.

„Вакви сцени како од африканските држави се недозволиви. Ветувањата на Богдановиќ беа дека Центар ќе биде урбана и модерна општина по теркот на урбаните центри низ Европа. Овие слики денес ни го покажаа сосема обратното. За ваквата ситуација најдиректно е одговорен Богдановиќ и СДСМ. Центарци заслужуваат градоначалник кој ќе биде тука за нив и ќе ги решава нивните проблеми но не заслужуваат градоначалник како Саша Богдановиќ“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top