вторник, 14 август 2018 | Вести денес: 83 ново

СДСМ обвинува Митко Јанчев незаконски го зголемил данокот на имот, градоначалникот се правда

Во изминатите неколку денови на граѓаните на општина Кавадарци им беа доставени решенијата за обврската за плаќање на данокот на имот. Изненадувачки е фактот што даночната обврска за данокот на имот за 2018 година кај голем број на граѓани е зголемена неколкукратно во однос на минатата. Од една страна ВМРО- ДПМНЕ како политичка партија се залга за пониски даноци, а од друга страна нивниот партиски потпретседател Митко Јанчев ги зголемува даночните обврски на граѓаните на општина Кавадарци – обвинија од локалниот партиски огранок на владејачката партија.

Ваквото зголемување на даночната обврска за данокот на имот, за тековната 2018 година, предизвика очекуван револт кај граѓаните на општина Кавадарци. Бидејќи даночните стапки не се променети, прашуваме на кој начин е извршено зголемувањето на даночната обврска за данокот за имот? Како граѓаните кои имаат иста површина на недвижен имот, во минатите години плаќале помалку данок во однос на износот што му се наметнува за тековната 2018 година?

Општина Кавадарци и градоначалникот се должни да ги одговорат овие прашања на граѓаните.

Кај дел од граѓаните се појавуваат и други проблеми во однос на ова прашање. Имено направени се грешки во решенијата за данокот на имот. Кај одредени граѓани во нивната даночна основа е вметнат имот кој не е во нивна сопственост. Поради непрецизно сработената работа на општина Кавадарци, овие граѓани се изложени на дополнителни административни трошоци за докажување на имотот кој тие го поседуваат.

Јанчев пак се правда дека тоа не било така, и побара извинување од СДСМ.

„Најодговорно тврдам дека нема никакво зголемување на данокот на имот “ – рече денеска на прес конференција градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ и побара извинување, за како што рече изнесените дезинформации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top