понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 3 ново

Шведска не простува: Сарфо депортиран поради силување малолетничка

Шведскиот суд го прогласи виновен ганскиот интернационалец Кингсли Сарфо поради силување на малолетничка.

Пресудата изнесува 32 месеци затвор, парична казна од 17.000 долари, депортација и „црн печат” за влез во Шведска во период од 10 години. Градскиот суд во Малме откри, дека 23-годишниот фудбалер извршил два одделни сексуални чинови врз 14-годишно девојче во нејзиниот стан и во јавен тоалет.
Откако е прогласен за виновен Малме автоматски го раскина договорот со играчот. Сарфо има 23. години и е поранешен играш на Розенгард и Сириус, а има и еден настап за репрезентацијата на Гана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top