вторник, 14 август 2018 | Вести денес: 83 ново

Прва самостојна изложба на Геновева Качуркова во Галеријата МКЦ

Вечерва ќе се отвори првата самостојна изложба на Геновева Качуркова во Галеријата МКЦ
Геновева Качуркова е родена во Скопје, на 17.5.1984 година. Завршила студии по Маркетинг на Универзитетот Шефилд во Солун. Работи долго време како вокал на електронската музичка сцена, соработува со артисти и продуценти од различни континенти. Нејзиното име може да се најде на неколку изданија за престижни издавачки куќи за електронска музика.
Потребата да се изразува себеси во различни области на уметноста пред неколку години и отвара нови хоризонти, кога почнува активно да се занимава со сликарство.

Геновева манипулира со колоритот и нанесувањето на бојата, секој нејзин гест има сопствена експресивна моќ, една нејзина линија во однос на останатите визуелно возбудува и дава асоцијации за одредено расположение.

Нејзината експресија ја манифестира со сликање на главите… Во портретот таа најдобро го изразува расположението во кое интуитивно, можеби свесно го запишува својот душевен живот.

Очите како главен показател на емоции, спокој и нежност кај Геновева се со израз на осознаен ентитет. Таа е извонреден емпиристички колоритен сликар, кој е во тенденција да го зголеми просторот на израз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top