недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 18 ново

Промовирано македонското издание на публикацијата ,,Бизнис план за рехабилитација на недвижни културни добра“

Во Центарот за конференции и студии во НУУБ ,,Св.Климент Охридски“- Скопје, беше промовирано македонското издание на публикацијата ,,Бизнис планирање за рехабилитација на недвижни културни добра – Прирачник за изработка и спроведување“ во превод од српски јазик, а во издание на Управата за заштита на културното наследство.

На настанот се обратија д-р Елеонора Петрова-Митевска, директор на Управата за заштита на културното наследство и д-р Лазар Шуманов, Претседател на ИКОМОС-Македонија и рецензент на публикацијата.

Во рамките на овој настан се одржа и еднодневна работилница за ,,Бизнис планирање за рехабилитација на недвижни културни добра“, на која учествува стручни лица од институциите за заштита на недвижното културно наследство (заводи за заштита и конзерваторски центри), локалната самоуправа и професионални здруженија, како и од граѓанскиот сектор.

Бизнис планирањето за недвижно културно наследство беше претставено според методологија на Советот на Европа развиена во рамките на Регионалниот проект ,,Љубљански процес: рехабилитација на нашето заедничко наследство“ кој се спроведуваше во земјите од Југоисточна Европа во периодот 2006-2014 година со финансиска поддршка од Европската комисија.

Работилницата ја водеше Кристина Бицева од Управата за заштита на културното наследство, а со свои презентации учествуваат и Христина Микиќ од Групата на Креативна економија од Белград и Естела Радоњиќ Живков од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата на Република Србија.

Помеѓу целите на оваа работилница се внесување нови содржини и приоди за заштита на културното наследство засновани на неговата (само)одржливот, јакнење на капацитетите на стручните лица од сферата на заштитата и управувањето со недвижното културно наследство за (бизнис) планирање.

Овој настан е во рамките на годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведува под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“. Изработен е и план за да дистрибуција на новата публикација и набрзо истата ќе биде дострибуирана и достапна во библиотеките ширум државата и во надлежните институции за заштита на недвижното културно наследство во Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top