вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Три хороскопски знаци кои се вознемируваат кога не е по нивно

Секое дете уште во основно училиште дознава дека не може сè да биде онака како што посакува, но овие хороскопски знаци едноставно одбиваат да го прифатат тоа.

Лав
Лавовите веруваат дека се најдобри во сè, а кога животот ќе им покаже дека не е баш така, стануваат нервозни, арогантни, па дури и агресивни. Буквално ќе ги прегазат другите за да докажат дека сепак можат да бидат најдобри, а кога ќе сфатат дека тоа понекогаш е неизводливо, стануваат огорчени.

Девица
Кога работите ќе тргнат во погрешна насока, Девиците стануваат многу незадоволни и нерасположени, но најчесто само тие го знаат тоа. Девиците имаат многу високи стандарди за себе, а кога нема да ги исполнат од некоја причина, не можат да се справат со разочарувањето.

Скорпија
Скорпиите се едноставни, вложуваат многу во работите за кои се грижат и очекуваат дека тоа секогаш ќе им се исплати. За жал, работите често одат во друга насока, а Скорпиите тогаш стануваат агресивни. Не се тие виновни, виновен е нивниот страстен карактер и способноста од сè да направат драма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top