понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 5 ново

Знаци дека хормоните ви се хаос: Намалена сексуална желба, вишок килограми

Симптомите честопати им се припишуваат на други здравствени проблеми, па затоа обично поминува многу време пред да се открие вистинската причина

Постојат многу причини што доведуваат до хормонална неурамнотеженост, а најчестите се стрес, лоша исхрана, недоволно сон или физичка активност. Многу е важно навреме да реагирате за да се вратат хормоните во нормална состојба и за да може организмот нормално да функционира.

Проблеми со спиењето, препотувањето навечер и умор
Необични менструации и намалена сексуална желба
Брз раст на темни влакна
Промени на кожата: акни, мозолчиња…
Проблеми со помнењето, главоболки и мигрени
Непрестајна глад и вишок килограми
Промени на расположението и депресија

Покрај надворешните фактори, како што се загадувањето на околината, стресот, лошата исхрана и неактивност, на нивото на хормоните можат да влијаат и природни фактори, како што се менструалниот циклус, бременост и менопауза. Хормоналната рамнотежа може да биде нарушена и од страна на контрацепциските пилули и лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top