четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 61 ново

Бијонсе и Џеј-Зи ги обновија заветите на концерт во Кардиф

Бијонсе и Џеј-Зи ја започнаа заедничката турнеја „On The Run II tour“, во Кардиф и два и пол часа ја прикажуваа својата љубов.

На сцената двојката флертуваше, се задеваше и се држеше за раце – не само кога беа вклучени рефлекторите, туку длабоко во сенките, меѓу песните.

Во еден момент, тие објавија дека ги обновиле своите брачни завети, повторно застанувајќи пред олтар. Ваквата вест ја соопштија со нивна фотографија од венчавката во позадина, на која и двајцата се во бело, но е очигледно дека сликата не е од нивната венчавка во 2008-ма година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top