понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Нечовечки и нехуман однос кон обвинетите од 27 април: Тошта по реанимација вратен во затворот во Шутка

Продолжува нечовечкиот и нехуман однос кон обвинетите од 27 април. Обвинетиот Александар Јаневски-Тошта со возило на брза помош се врати во затворот во Шутка, јави  ТВ24. Откако му се слоши на рочиштето, тој беше однесен во болницата „8-ми Септември“ каде што заврши на реанимација, откако неколкупати ја губел свеста.

Тој заедно со уште седуммина е обвинет за убиство во обид на пратеникот Зијадин Села и за него нема преквалификација на делото. Откако слушна дека останува обвинет за убиство во обид, на судот му порача дека му местат убиство.

Неодамна и Гордана Јанкуловска беше испратена на гинеколошки преглед со цел да се провери дали навистина станува збор за ризична бременост.

Одвратна и бедна политички мотивирана осветољубивост – Кацарска на врвот на нечовечноста и нецивилизираноста

Лошата здравствена состојба на Едмонд Темелко може да заврши со фатални последици за неговото здравје, но од страна на судот не му е дозволено да користи здравствена заштита, што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судови беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега.

Нечовечки однос на власта: Продолжен притворот на Едмонд Темелко за уште 30 дена

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top