вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Никој не може да ги раздели, овие хороскопски знаци се родени еден за друг

Велат дека астрологијата и хороскопот имаат голема улога во компактибилноста на двајца партнери. Станува збор за комбинација на хороскопските знаци во Риба и Стрелец.

Водени по ова правило, заклучивме дека овие два хороскопски знаци магнетски се привлекуваат еден со друг, а нивната врска е исполнета со многу страст и љубов.

Иако станува збор за сосема спротивни знаци, водената Риба и огнениот Стрелец можат да се привлечат еден со друг уште при нивната прва средба. Тие поседувааат спротивни темпераменти, но двајцата веруваат во љубов и се онесуваат онака како што се чувствуваат. Рибата е хороскопски знак којшто мора да почувствува одредена доза на сигурност за да се заљуби. Додека таа е срамежлива, Стрелецот не се срами да ја изрази неговата наклонетост и директност во љубовниот однос.

Нивниот еротски живот е исполнет со многу игри во креветот и многу страст. Рибата престанува да биде срамежлива откако ќе почувствува дека Стрелецот поседува чисти емоции за неа. Кога се заедно на нив им се зголемува креативноста и фантазијата, а Срелецот ќе стори се за да ги задоволи потребите на емотивната Риба.

Проблем во оваа љубовна комбинација може да настане само доколку Стрелецот не може да ја поднесе пасивноста на Рибата. Стрелецот е знак којшто ја цени својата слобода, а контролата и планирањето на заедничка иднина од страна на Рибата може многу да го гушат. Искрениот разговор ќе им помогне тие двајцата да се усогласат, а откако ќе воспостават заеднички цели и разбирање нивниот однос ќе биде нераскинлив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top