вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 33 ново

Инквизиција

Зоран Заев ја воскресна инквизицијата во Македонија

 Михајло Маневски

Инквизицијата  настаната во 13 век како група на установи на римокатоличката црква кои имале задача да иследуваат, судат и казнуваат луѓе кои црквата ги сметала за еретици. Инквизицијата денес во Македонија ја воскресна Зоран Заев и се состои од поединци во државни органи, кои имаат задача да иследуваат, судат и казнуваат луѓе кои што СДСМ и Зоран Заев ги сметаат за криминалци – (еретиции).

Денешната инквизиција во Македонија е полоша и од озлогласената шпанска инквизиција, која била особено крвава и немилосрдна. И во времето на инквизицијата бремените жени биле под посебен режим и заштита за време на бременоста и породувањето. Денес инквизиторите се неспоредливо посурови и нечовечни, слепи послушници на наредбодавците. На бремена жена во девети месец од бременоста, со уредна медицинска документација за состојбата на бременоста и непосредно пред породување, 8 (осум) пати, на секои два-три дена и се закажува судење за случајот ТЕНК, за кој случај постапката против неа беше издвоена, токму поради ризичната бременост!?

Не се почитува никаков меѓународен или внатрешен пропис, не се почитува Конвенцијата за заштита на на мајчинството 2000, Законот за Кривичната постапка и Конвеннцијата за човековите парава и основни слободи на Советот на Европа.

Во членот 5 од Конвенција за заштита на мајчинство 2000, се наведуава дека “Со донесувањето на лекарско уверение, отсуството во случај на болест, компликации или ризик од компликации кои произлегуваат од бременоста или раѓањето, ќе биде обезбедено пред или после периодот на породилно отсуство. Природата и максималното времетраење на таквите отсуства може да биде одредено во согласност со националното право и практика”.

Според членот 5 од Конвенцијата, меродавно е лекарското уверение за случај на компликации или ризик од компликации кои произлегуваат од бременоста. Конвенцијата го прифаќа лекарското уверение како доказ, но Основниот суд Скопје 1 и судечкиот судија за случајот “тенк” Добрила Кацарска тоа не го прифаќа и бара медицинска експертиза од Клиниката за гинеколоија. Спротивно на Конвенцијата за заштита на мајчинството 2000, покрај поднесената медицинска документација, недопуштено е да се бара на бремена жена пред породување да се изврши преглед, за да се уртврдело дали била способна да ги следи рочиштата!. Теледсен преглед на обвинет, според член 249 од ЗКП, не може да се изврши спротивно на неговата воља за тоа дали може или неможе да ги следи судските рочишта. Таков преглед не е врзан со утврдување на факти важни за кривичната постапка. Тој лекар “вештак”, кој ниту ја следел бременоста, ниту има било какви сознанија за состојбата на бремената жена, ако се осуди да направи таков “преглед”, нека се прости од лиценцата и нека се подготви за казнена одговорност за злоупотреба на положбата и тешка повреда на лекарската етика. Се надевам дека токму бремената жена Гордана Јанкуловска, во никој случај нема да дозволи да ја загрози бременоста и раѓањето и по било која цена нема да дозволи преглед на некаков наводен вештак. Местенките што се прават во овој случај се грозни и одвратни.

Одкако со светлосна брзина се настојуваше и се брзаше за случајот тенк да биде осуден Никола Груевски за непостоечко кривично дело, без никакви докази, без никаква штета, без никаква корист и без ниакви последици, тогаш без проблем судијата ја издвои постапката против Гордана Јанкуловска, поради ризична бременост. Но, сега одкако се изрече првостепена осудителна пресуда против Никола Груевски, со сета сила се удри по обвинетата Јанкуловска, по цена на нејзиното здравје и нејзиното мајчинство. Каква е ова суровост и незаконитост?

Според членот 2 од Законот за кривичната постапка, лицето обвинето за кривично дело ќе се смета за невино си додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска пресуда. Државните органи, средствата за јавно информирање и другите субјекти се должни да се придржуваат до правилото од ставот 1 на овој член, а со своите јавни изјави за постапката што е во тек не смеат да ги повредат правата на обвинетиот и оштетениот, како и судската независност и непристрасност. Во текот на кривичната постапка недозволено е сурово и нечовечко постапување. А што се случува? Се постапува сосем обратно, со канонада на одвратни навреди и омаловажувања, многу сурово и нечовечки, и во врска со тоа никој и ништо не презема.

Зошто се судат само предметите на СЈО?

Предметите на СЈО имаат специјален третман во Основниот суд Скопје 1 и тие ќе се завршат согласно наредбата на Зоран Заев, кој видовито претскажува какви ќе бидат пресудите. Пресуди мора да се донесат по нарачка на Зоран Заев и СДСМ и тоа само по предмети образувани од СЈО против поранашни раководни лица од ВМРО-ДПМНЕ. Нема ниту еден обвинет од СДСМ, ниту еден обвинет од ДУИ, како тие да не беа во власта со повеќе министри и директори, нема обвинет ниту еден градоначалник од СДСМ и ДУИ, а повеќе од половината од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се обвинети, осудени или се во истражна постапка? На кого Зоран Заев и СДСМ сака да му продава рог за свеќа? На една страна наводно невини јагненца, а на друга страна волци во исто стадо?

Заблудата на министерката Рената Десковска Треневска

Министерката за правда Рената Десковска Треневска уште не седната на столчето, изјави дека сака да и порача, не само на Г-ѓа Јанкуловска, туку и на сите што имаат постапки пред судовите, дека заврши времето на тефтерчињата и судии од тефтерчиња. Да преспиеше и малку размислеше, немаше да изрече таква глупост. Дали не гледа дека пресудите, не од терфтерчиња, туку од дневници на ТВ екраните ги чита нејзиниот шеф Зоран Заев. Министерката имаше време да разлмисли, ако не за друго, барем како професионален предизвик, зошто постапката за случајот Поткуп на Зоран Заев за едно евро на Вицето и евро за црквата, траеше цели 3 години и рочиштата се одлагаа 23 пати, најчесто поради недоаѓање на обвинетиот, со лажни измислици. Зошто од тој исти суд не се закажуваа рочишта за тој предмет по 8 до 10 пати во текот на еден месец, како што се прави сега за случаите на СЈО и за случајот тенк за кој се закажани 8 рочишта на бремена жена пред породување, документирано со медицинска документација.

Тоа е елементарно непочитување на Конвенцијата за заштита на мајчинство 2000 и Законот за кривичната постапка. Од министерот за правда се очекува тоа да го разбере, како жена и како мајка. Да прашаше зошто на судијата кој го ослободи Зоран Заев за случајот Поткуп му застаре кривичен предмет за тежок случај и зошто пресуда за друг случај напишал после 345 дена, а не во рок од 15 дена и многу други пресуди, на министерката ќе и беше појасно зошто тој судија донесе ослободителна пресуда за Зоран Заев, на очиглед на целокупната јавност дека бара по едно евро за Вицето и едно евро за црквата.

Извршната власт нема право да се меша во судската власт, гордо вели министерката. Да, нема да се меша во судската власт, затоа што Зоран Заев владее со судската власт и раководи со Советот за судски реформи. Со обвинетиот Зоран Заев кој раководи со Советот за судски реформи, ќе се постигнат невидени чуда. Министерката, како и нејзините предходници, за жал, ќе биде ставена во подредена положба и ќе биде нем наблудувач на владеењее со судската власт, од никој друг, туку од претседателот на Владата, а таа ќе биде само покорник на неговото владеење. За каква самостојност и независност зборува?

Нека провери министерката, која нема да се меша во судската власт, зошто не се постапува барем приближно со исто внимание од Основниот суд Скопје 1 за повеќе предмети за тешки корупциски кривични дела сторени од службени лица, за кои пресудата била укината од страна на Врховниот суд на Мексдонија или од Апелациониот суд. Тие предмети, согласно Законот за кривичната пострапка, треба веднаш да бидат земени во работа, а тие стојат нерешени со години. Дали се чека за тие предмети да настапи апсолутна застареност на кривичното гонење? Кој ќе одговара за тоа?.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во врска со писмото на поранешната министерка за внатрешни работи за повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО, си ги пере рацете дека тоа не било во нејзина надлежност.

Во член 8 од Конвенцијта за заштита на мајчинството 2000 се наведува дека; “Ќе биде противзаконски доколку работодавачот го прекине работниот однос на жената за време на нејзината бременост или породилно отсуство”. Повеќе стотици жени се избркани од училиштата, градинските и други установи и организации, меѓу кои и бремени жени во 8-ми месец на бременоста. Министерката Царовска не мрдна со малото пртсте и не презеде ништо за заштита на жената, согласно меѓународноите протипи и Законот за работните односи. Сега кога за почитување на законот и се обраќа бремена жена во деветиот месец, пред породување, таа не била надлежна!!?.

А зошто се надлежни овие министерки? Тие се должни во вршење на работите да ги штитат граѓаните од суровото и нечовечко постапување и да се грижат за примена на елементарните норми за заштита на личноста и достоинството.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top