среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Денес тешко е да се најде квалитетен маж: Ова се знаците дека вашиот е вистинскиот!

Денес тешко е да се најде квалитетен маж, барем така изгледа кога ќе се најдеме опкружени со лоши момци. Меѓутоа, понекогаш тешко е да се препознае дека сме нашле некој баш таков. Ова се знаците што докажуваат дека вашиот избраник е квалитетен маж…

Се чувствувате сигурно кога сте со него
Неквалитетните мажи обожаваат да им симнуваат ѕвезди на жените и уживаат во сознанието дека некоја девојка се нервира поради нив. Квалитетните мажи со секој свој гест им влеваат сигурност на жените.

Џентлмен е затоа што така сака и не очекува ништо за возврат
Уште една работа која често се случува во главата на мажите: логиката дека џентлменското однесување мора да биде наградено. Квалитетните мажи се џентлемени, бидејќи тоа им доаѓа природно.

Ве слуша
Можеби нема да го запомни секој детаљ за вас, но квалитетниот маж ќе се обиде да ги дознае повеќето работи што ви се важни. Со слушањето покажува дека ве почитува.

Се однесува исто со вас и кога сте сами и пред пријателите
Мажите кои пред девојката се однесуваат на еден, а пред другарите на сосема друг начин, не заслужуваат да бидат сместени во категоријата на квалитетни мажи. Квалитетниот маж нема проблем со тоа да им покаже на пријателите дека е заљубен.

Отворен е кога се емоциите во прашање
Квалитетниот маж не се плаши од ранливоста и отворено покажува што сè чувствува. Неквалитетните мажи честопати се кријат и глумат дека им е сеедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top