среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Исповед: Имам 32 години и сè уште сум невина, никогаш не сум се бакнала, но многу сум среќна!

Анонимната Австралијка има 32 години и на целиот свет му признала дека никогаш не се ни бакнала, а камо ли да води љубов. Таа вели дека тоа не е нејзина свесна одлука, дека станува збор за сплет на околности, но и дека не се срами од нејзината ситуација.

„Не се срамам бидејќи мислам дека нема ништо лошо во тоа што сум сè уште девица“, вели таа.

Оваа девојка тврди дека привлекувала и мажи и жени, но дека тие едноставно не ја привлекувале неа.

„Тоа не беше свесна одлука. Јас, како и многу луѓе, дефинитивно сакам да најдам личност која ќе може да ме сака и почитува“, додала.

Таа признала дека привлекувала и луѓе кои биле во врска, но дека никогаш не сакала да си игра со туѓите чувства.

„Веројатно можев да се принудам на пијан или здодевен секс само поради искуството, но идејата за тоа никогаш не ми беше примамлива“, признала.

Кога ќе ја спомене својата невиност, таа наидува на секакви реакции од луѓето.

„За некого тоа е во ред, додека други ме сожалуваат. Најчудната реакција беше кога ми кажаа дека сум премногу пребирлива“, вели Австралијката.

Во тинејџерските денови, оваа жена два пати се соочила со одбивање. Била вљубена во двајца пријатели, но обајцата ја одбиле.

„Кога ме одбија по вторпат во доцните дваесетти години, сфатив дека отфрлањето помага да сфатите каде се наоѓате и дека не треба да губите време на размислување“, објаснила таа.

На прашањето „Зошто никогаш немала секс“, таа нема јасен одговор.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top