среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Кандидијаза: Ослободете се од габичната инфекција еднаш засекогаш!

Околу 75% од жените, барем еднаш во животот заболеле од габична инфекција, па многу добро им се познати непријатните симптоми, како што се јадежот, пецкањето и засилениот секрет од вагината, а знаат и колку е тешко да се ослободат од нив. Сега, за жал, тоа станува сè потешко, бидејќи габичките имаат развиено отпорност на лекови и тие не делуваат повеќе.

Габичните инфекции најчесто се лекуваат со антимикотици, но ако се користат пречесто и неправилно, габичките ќе се навикнат на нив и ќе станат отпорни. Светот е во вистинска опасност од разни габични болести што го загрозуваат човечкото здравје, ако лековите престанат да делуваат.

Што значи ова во пракса?
Замислете си дека сте забележале први симптоми на габична инфекција и веднаш сте отишле на лекар или сте тркнале до аптека по вообичаената терапија во форма на крема или вагинални таблети. Но наместо симптомите да се повлечат по примената на лекот, не се случува ништо бидејќи габите развиле отпорност. Тогаш, посегнувате по посилен лек или алтернативна терапија, како што е испирањето со благ раствор од борна киселина, но прашање е и тоа дали ќе делува.

Дали тоа значи дека сте осудени на живот со трајна инфекција? Можеби моменталната состојба не ви е толку алармантна, па затоа се надевате дека успешно ќе се изборите со здодевната болест.

На што треба да внимавате за да биде лечењето успешно? Земете цела доза од препишаниот лек, дури и ако ви се чини дека сосема сте оздравеле. Секогаш следете ги упатствата.

Најчесто проблемот се јавува кога инфекцијата не се лечи темелно и до крај. Ако сепак не дојде до подобрување, лекарот со дополнително тестови ќе утврди дали можеби се работи за бактериска вагиноза или трихомонаса, за кои потребни се поинакви терапии.

Освен тоа, употребувајте ги лековите само кога ви се навистина потребни. Жената која еднаш имала габична инфекција обично знае да ги препознае првите знаци и во тој случај, треба веднаш да почнете со терапија. Но немајте да реагирате штом забележите малку посилен секрет, туку кога ќе бидете сигурни дека се работи за инфекција. Секој лек ја нарушува природната рамнотежа на флората во вагината, па подобро е да го одбегнете ако не ви е неопходен.

Ако габичната инфекција ви се јавува два или три пати годишно, тоа значи дека никогаш не сте ја излечиле до крај и дека мора подолго да го земате лекот, па затоа најдобро би било да се посоветувате со гинеколог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top