четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 14 ново

Сензација на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер е елиминиран во четвртфиналето на Француското отворено првенство откако загуби од Марко Чикинато, кој е вистинска сензција на Ролан Гарос, откако ги елиминира Карено Буста и Давид Гофан.

Италијанецот одлично го почна мечот добивајќи го првиот сет со 6-3, во вториот сет се играше тајбрејк кој му припадна на Чиканато за предност од 2-0.

Ѓоковиќ имаше убедлив трет сет со само еден загубен гејм, тие 6-1 најавуваа комплетно враќање. Така изгледаше и најголем дел од четвртиот сет во кој Новак водеше со 3-0, 4-1 и 5-2. Но Чикинато не се предаваше, уште еднаш се крена, го однесе сетот до тајбрејк а во него по голема борба со 13-11 дојде до победа од 3-1 во сетови и го направи својот најголем успех во кариерата.

Во полуфиналето тој ќе игра против Доминик Тим кој со 3-0 го совлада Александар Зверев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top