понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 98 ново

Одвратна и бедна политички мотивирана осветољубивост – Кацарска на врвот на нечовечноста и нецивилизираноста

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска ја прегледува конзилијарен тим од четворица гинеколози на Клиниката за гинекологија, по налогот на судијката Добрила Кацарска. Кацарска бара да и се докаже дека Јанкуловска навистина е во ризична бременост, поради што и не се појавува на судењата за случајот „Тенк“.

Јанкуловска е во деветиот месец од бременоста. Прашање е кој ден ќе се породи. Се работи за нов живот, мало, невино бебенце кое ќе дојде на овој свет. Ново срцебиење, невин плач… Бебе кое не е виновно за ништо што се случувало, живот кој доаѓа на овој свет не по свое барање, не по своја вина…

Дали ќе направи разлика судење на Јанкуловска денеска и судење после некој месец, откако тоа мало невино суштество ќе го вдише првиот воздух, откако тој нов живот ќе дојде на овој свет, откако тоа бебенце ќе го вкуси најпотребното – мајчиното млеко.

Каде е човечноста во политиката?! Каде е мајчинскиот инстинкт кај судијката – жена, веројатно и мајка?! Зарем и прави разлика дали денеска ќе суди или ќе суди за некој месец?! Што ќе се смени?! Веројатно докторот имал причина што напишал дека се работи за ризична бременост… Но зарем деветиот месец, термин за пораѓање не е доволна причина за малку човечност… Дали судијката – жена не знае што значи стрес во тој период од животот, не знае што значи страв, не знае што значи мајчинство?! Дали делото за кое се терети Јанкуловска ќе стане помалку вредно или повеќе вредно доколку судската одлука се носи некој месец подоцна?! Секој преглед, секој допир, секој збор на докторот е стрес, страв, неизвесност…

Што размислуваше Кацарска кога одлучи четворица гинеколози да вршат преглед за да утврдат во која недела од бременоста е Јанкуловска, дали постои ризик да се породи во скоро време и дали може нормално да се движи?! На клиниката ќе и се направат испитувања како ехо, ЦТГ и должина на цервикс…

Професорката Биљана Ванковска не остана нема на ваквата одлука на кацарска.

А Кацарска можеби надгледува како конзилиумот ја исполнува нејзината наредба… Одвратна и бедна политички мотивирана осветољубивост. Ете, толку од реформите во правосудството, кои ги предводи аболициран премиер! – искоментира таа.

На социјалните мрежи многумина со критики и напади кон судијката Кацарска:

Срaм гoлем нo тoa злo oд женa кaј и е душaтa и нa нaјгoлем душмaн не прaви злo ќе ти се врaти кaкo бумерaнг.
Со вакви не заслужуваме да се нарекуваме луѓе, а камоли да имаме држава и тоа просперитетна и демократска.
Ова е врв на идиотизам, простотилок, нехуманост и нецивилизираност. Која и да е таа судијка со селски судски манири и методи може да дотера до презир, на долната скала на подсмев и наскоро дно. Да не зборувам за изгубени христијански вредности и по македонски речено – Господ ќе и плати… Срамота за т.н. влада…

Ова се само дел од коментарите кои можат да се прочитат на социјалните мрежи.

Партиските нарачки приоритет за судството на СДСМ

За жал, има и такви кои ја потврдуваат нечовечноста, ја поддржуваат нехуманоста. Многумина денеска останаа згрозени од коментарот на новинарот Бранко Тричковски.

-Од аспект на бебето, нема разлика дали злосторничката го носи во утробата или ќе го фрли во контејнер – стои во неговиот коментар.

Остатокот од долгиот коментар прочитајте го на неговиот профил…

Јанкуловска деновиве јавно алармираше за нејзината состојба и односот на судот. Реагира дека во периодот пред породување треба речиси секој втор ден да присуствува на рочиштата.

Јанкуловска: Заложбите на Владата за заштита на жените и семејството се реализираат на дело

Во само еден месец Кацарска закажала дури осум рочишта за овој предмет. Јанкулоска реагира дека во ризична бременост треба да присуствува на рочишта кои најчесто траат и по 10 часa во судници без клима. За ваквите скандалозни случувања таа преку отворено писмо реагираше и до министерките за правда и за труд и социјала. Побара остварување на нејзините права во областа на судството и заштита на правата на децата и жените.

Царовска: Јанкуловска, како и сите граѓани, ќе биде третирана по закон

Одбраната на екс министерката нејзиното отсуство го оправдала со медицинска документација. Јанкулоска, смета дека нејзините права се грубо повредени, и бара час поскоро надлежните да преземат акција во рамките на нивните надлежности, за нејзина заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top