вторник, 14 август 2018 | Вести денес: 83 ново

Маја Панчева строга кон ќерката матурантка: Среќна матура љубов мајкина…и да се вратиш до 3 саат! (галерија)

Меѓу семејствата од познатите кои имаат матурант годинава, се и Маја и Дарко Панчеви.

Надица Панчева го заврши средното образование во интернационалното училиште „НОВА“ и славеше матура со своите соученици кои заедно се на прагот на една нова животна етапа.

Најзината мајка, пејачката Маја Гроздановска Панчева на својот Фејсбук профил објави фотографија од Надица и јавно и порача да биде дома до 3 часот наутро.

-Среќна матура, љубов мајкина, да си ми жива и здрава, многу успеси и добра среќа во животот… И да се вратиш до 3 саат, гласи честитката, но и ограничувањето на мама.

 

извор: вистина.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top