вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

На ГАК закажан преглед за Јанкуловска

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска треба да се јави на веќе закажаниот преглед на Клиниката за гинекологија, дознава Канал 5.

Комисијата е составена од неколку гинеколози од оваа клиника кои треба да ја проверат здравствената состојба.

Ваквиот преглед на Јанкуловска е побаран од страна на судијката по предметот „Тенк“ Добрила Кацарска.

Судијката побара од терцијалната установа, Клиниката за гинекологија и акушерство да се провери вистинската здравствена состојба на бременоста на поранешната министерка.

Јанкуловска е неколку дена пред терминот за породување. Таа е обвинета во случајот „Тенк“ за набавката на скапиот мерцедес. На поранешната министерка и се суди по одвоена постапка поради ризично патолошка бременост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top