петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 24 ново

Повторно сама: Ријана раскина со своето момче поради оваа неверојатна причина!

Убавата пејачка од Барбадос беше во љубовна врска со Хасан Џамал, богатиот бизнисмен од Саудиска Арабија. Иако сите им предвидуваа светла иднина, за жал тоа не се случи.

Имено, Ријана решила да стави точка на повеќемесечната романса, а како причина за тоа ја истакнала здодевноста.

-Ријана и Хасан беа заедно некое време. Тоа беше добра врска, но сега е готово. Секако, Ријана му го скрши срцето. Нема никаква позадина на раскинувањето, не се караа, само на Ријана и здодеа да биде во врска со него. Понекогаш мажите едноставно и здосадуваат, изјавил близок извор на пејачката.

Иако изгледаше дека популарната пејачка се скраси покрај своето момче, таа уште еднаш шокираше со својата постапка, па ни останува да почекаме и да видиме кој ќе биде мажот кој ќе ја задржи покрај себе засекогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top