понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Рак кај 18 бебиња во Битола во 2016

Во 2016 година во Битола имало 18 случаи на малигни заболувања кај деца до две години. Биле заболени и пет деца меѓу 3 и 6 години, шест деца меѓу 7 до 9 години, четири деца од 10 до 14 години, два тинејџери од 15 до 19 години и 18 млади од 20 до 24 години, објави slobodnaevropa.mk

Дури 410 случаи на малигни заболувања повеќе биле регистрирани во 2016 година во споредба со 2010 година на територијата на Општина Битола. Според податоците што Центарот за јавно здравје од Битола ги достави до општинскиот Совет, за 2010 година имало 1291 вкупно лекувани од малигни неоплазми, додека во 2016 година 1701. Стапката на регистриран болнички морбидитет од малигни заболувања за 2010 година изнесувала 12,6 на 1000 жители, а за 2016 изнесувал 16,7.

Според податоците, од малигни неоплазми боледуваат и деца од најмала возраст. Така, во амбулантно-поликлиничката дејност имало 18 случаи на малигни заболувања кај деца до две години во 2016 година. Потоа, пет заболувања кај деца од 3 до 6 години, шест кај деца од 7 до 9 години, четири кај деца од 10 до 14 години, две кај тинејџери од 15 до 19 години, 18 кај млади од 20 до 24 години.

Битолчани се загрижени од алармантните податоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top