понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 6 ново

Пелегрини ограбен во Сантијаго: Му впериле пиштол во глава

Мануел Пелегрини беше мета на вооружени напаѓачи во Чиле. Инцидент со филмски сцени се случи во неговото родно Сантијаго каде актуелниот менаџер на Вест Хем, а во минатото на Манчестер сити и на Реал Мадрид, е на одмор со сопругата и со пријателите.

-Честитки до чилеанската полиција на брзата и храбра реакција. Се надевам дека прашања што се однесуваат на криминал и злосторство ќе бидат решени што поскоро, се огласи Пелегрини преку својот Твитер налог.

Немилиот настан во кој, за среќа, нема повредени, се случи додека Пелегрини и друштвото оделе на вечера во ресторан. Откако ги оставиле автомобилите на паркингот во близина, настапиле разбојниците пришто впериле пиштол во нив и успеале да ја одземат чантата на сопругата на тренерот на „чеканите“. Крадците веднаш се дале во бегство со украдено возило пришто испукале и неколку куршуми кон полициските автомобили кои пристигнуваа на местото на настанот.

Полицијата подоцна го лоцира автомобилот во кој е пронајдена и одземената чанта меѓутоа по разбојниците сè уште се трага.

Пелегрини го презеде кормилото на Вест Хем кон крајот на мај, откако потпиша договор на 11,4 милиони евра по сезона што го прават најплатен менаџер во англиската Премиерлига.

 

извор: novatv.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top