вторник, 18 септември 2018 | Вести денес: 98 ново

Сончево и топло, попладне нестабилно со локални поројни дождови

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16 степени, дневната од 21 до 31 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе достигне до 30 степени.

Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top