четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 112 ново

„Ручек со Вучиќ“ – најбарана понуда во еден белградски ресторан

Сопственикот на еден белградски ресторан се досети како да привлече повеќе муштерии во неговиот локал, па на чело од централната маса во ресторанот постави фигура од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Моделот со ликот на Вучиќ е направен од пластика, а главата од гипс.

Сопственикот на ресторанот овој потег го објаснува, пред сè, дека не претставува никаква провокација.

„Идејата да поставам макета од Вучиќ во ресторанот беше маркетиншки потег. И се покажа како чист погодок“, вели Ѕвездан Пејовиќ, сопственик на ресторанот, за порталот „Данас“, додавајќи дека не го рекламирал тоа, туку дека фотографиите од гостите во „друштво“ на Вучиќ едноставно ги запалиле социјалните мрежи, па за локалот на големо се зборува во Белград.

Вучиќ во овој ресторан „седи“ веќе дваесетина дена, па редовните гости веќе се навикнаа на него. Меѓутоа, нивните првобитни реакции, според зборовите на сопственикот, биле бесценети.

„Знаев дека тоа мора да биде нешто што ќе го привлече вниманието на многу луѓе. И емоциите. А кој друг во таа мера го прави тоа, ако не претседателот Вучиќ. Реакциите на гостите кога го видоа беа поделени, како и мислењата за него. Некои се воодушевија и притрчаа да го прегрнат и избакнат, додека други луто плукаа на подот пред него“, раскажува Пејовиќ.

На прашање дали планира Вучиќ „да му седи“ уште долго време, Пејовиќ вели: „Па, мој е“.

Доколку Вучиќ му донесе довоно пари, планира да ги „седне“ и Тито и Путин. Скулптурата од Вучиќ, инаку, е дело на уметницата Марија Јовановиќ, на која таа работела цели шест месеци.

 

извор:таратур.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top