петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 46 ново

Еве како да проверите дали имате евтина струја од 14 до 16 часот

Уште од септември минатата година ЕВН ги прилагодуваше броилата по т.н. отчитувачки групи, а истиот процес траеше еден месец додека рачно не се адаптираа околу 800.000 броила. Од ЕВН известија дека информацијата дали сатот е прештелуван или не, граѓаните ја добија уште со со наредната сметка за струја. На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа, во период од 14 до 16 часот од понеделник до сабота ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2 што ќе значи дека во тој период има евтина тарифа.

Но доколку сеуште не сте сигурни направете го ова:

Едноставно погледнете на дисплејот од броилото во периодот од 14 до 16 часот, од понеделник до сабота.

Доколку во тој период на екранот ви се појавува индикаторот Т2, тоа значи дека имате евтина струја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top