понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Победа за збогум: Раул и шампионската генерација на Вардар во последениот настап го совладаа Металург

Раул Гонзалес го одработи последниот натпревар како тренер на Вардар и се прости со сигурна победа од 33-29, на гости кај Металург, натпревар кој ќе остане запишан како последен на Вардар под водство на „Ел Команданте“. Со неа, македонскиот шампион ја комплетираше сезоната во домашното првенство со максимални 10 победи и 30 бода.

Овој натпревар не беше како првиот, во „Јане Сандански“, кога Вардар го декласираше соперникот со 18 разлика и во почетните 15-тина минути. Металург пружаше отпор, дури и минимално водеше (7-6). Сепак, некаде од 15. минута, во два брана Вардар го сврте мечот и си создаде предност од 16-11 на пет минути до крај.

На паузата беше 19-15 за Вардар, а црвено-црните ја одржуваа предноста и во вториот дел. Вардар е сигурно прв, Металург како втор обезбедува пласман во СЕХА-лигата, но и право да побара учество во Лигата на шампионите за следната сезона. Ова беше последен натпревар за овој Вардар, од кој покрај тренерот Раул Гонзалес ќе си одат и Лука Циндриќ, Арпад Штербик, Илија Абутовиќ, Мијајло Марсениќ, Хорхе Македа и Жоан Кањелјас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top