недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Македонија убедливо поразена од силната Шведска

Македонската женска репрезентација целосно ги загуби шансите за пласман на Европското првенство во Франција, откако на домашен терен беше совладана од фаворитот Шведска со 20-32 (7-16). По овој меч, кој е претпоследен од квалификациите за место на континенталното натпреварување, селекторот Симе Симовски и неговите избранички ги загубија и теоретските шанси.

Гостите уште на стартот го наметнаа своето темпо, ниту големата желба да се приреди сезнација не беше доволна. По првото полувреме Македонија имаше негатива од 7-16. До крајот Швеѓанките ја имаа полесната задача, да го одржат водството.

(фото – Гол.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top