петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 42 ново

Акцизите на нафтата ќе стават клуч на врата кај помалите превозници

Зголемената акциза на нафтата и растечките цени на бензините не прават проблеми само за обичните граѓани. Имено, бизнис секторот односно конкретно превозниците на стоки се пред целосен колапс поради зголемената акциза на нафтата со која енормно се намали профитабилноста на компаниите кои се бават со оваа дејност. Голем дел од транспортните фирми ќе стават клуч на врата велат од асоцијата на превозни компании „Макамтранс“.

Според асоцијацијата 93 проценти од превозниците кои имаат од едно до петнаесет возила се на удар на постојаните поскапувања на горивата. За да не ги изгубат пазарите во западна Европа и да останат конкурентни не ги зголемувале цените за превоз. Превозниците бараат од владата поврат на акцизата, а за пример ги земаат Босна, Србија и земјите членки од ЕУ, но велат дека досега Владата немала слух за нивните барања.

– Проблемот е сериозен и кај голем дел од овие превозници веќе економската исплатливост за вршење на превоз нема да биде ефикасна. Па се очекува, а има и случаи каде што дел од овие микро фирми кои што имаат од едно до три или четири возила, да ги затворат своите фирми. Нашата конкурентност е никаква, односно одиме со намалување на цените за да можеме да земеме превози и заработката ја сведуваме само на дел од ддв-то кое што го враќаме – вели Билјана Муратовска претставник на „Макамтранс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top