петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Гешкоска: Немам коментар за дисциплинската постапка, разбрав од медиумите

Не би можела на никого, никаков коментар да дадам за дисциплинската постапка којашто е покрената против мене, затоа што за тоа разбрав од медиумите вчера, вели обвинителката Гордана Гешкоска во изјава за „Независен весник“.

-Треба прво да видиме, не ни е ништо доставено, верувам дека и другите колеги разбрале од медиумите. Не би можеле да коментираме ништо додека не видиме дали е навистина така, да видиме што има, како има, има процедура во која треба да се спроведе таа постапка, вели Гешкоска.

Државното јавно обвинителство покрена дисциплинска постапка за тројца обвинители поради сомнеж дека направиле пропусти во истрагата за крвавиот четврток.

Обвинителите се товарат дека не извршиле увид на местото на кривичниот настан, односно во Собранието кога се случи упадот и беа повредени новинари и пратеници.

Обвинителството покрена обвинение за упадот, но се уште не е оценето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top