среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Денеска е Духовен Понеделник или света Троица – сторете го ова ако сакате да се заштитите од зло

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела.

Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.

Во православието овој празник е познат и како несмасна недела, и се верува дека оние девојки кои ќе си го измаијат лицето со вода во која претходно стоело цвеќе, ќе имаат чисто и бело лице цела година.

А за мажите пак се верува дека, доколку на денешен ден, девојка им подари венче од цвеќиња, до крајот на годината ќе се оженат.

Утре пак на вториот ден од Духови не смее да се работи тешки работи по дома, ниту пак се шие, зошто така се покажува непочитуваќе кон светците кои се слават, и ќе ве најде големо зло.

Во некои делови на Балканот обичај е да се спреми и трпеза за починатите а во некои земји како што се Австрија,Барбадос,Белгија, Грција и други, овој ден е неработен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top