четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Промоција на романот „Земјата на напријателот“ од унгарскиот писател Шандор Мајорош

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, денес (28 мај)  во 19 часот ќе биде промовиран романот „Земјата на напријателот“ од современиот унгарски писател,Шандор Мајорош, во превод на македонски јазик на Паскал Гилевски и Викторија Блажевска.

За најновото издание на „Матица македонска“ ќе говорат писателот Раде Силјан и д-р Ласко Дукс,актуелен амбасадор на Унгарија во Република Македонија, а свое обраќање на промоцијата ќе има и авторот,кој специјално за овој културен чин престојува во нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top