недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Утре ново поскапување на горивата – Бензинот оди над 70 денари за литар

Регулаторна комисија за енергетика пред две недели донесе одлука за промена на цените, по која бензините повторно поскапеа. Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,84%.

Малопродажните цени на нафтените деривати, согласно Методологијата за формирање на цените, се зголеми во просек за 3,00%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголеми за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 2,100 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 32,137 ден/кг.

Цената на бензините во Македонија се менува секои две недели. Во понеделник напалдне се очекува Регулаторна комисија за енергетика да ги соопшти новите цени кои ќе важат од полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top