среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 85 ново

Клоп пееше по загубеното финале: Реал ја имаше сета е*ана среќа (видео)

На исклучително болен начин, со две го леми голмански грешки, Ливерпул синоќа загуби во финалето на Лигата на Шампионите од Реал Мадрид (3-1), во меч од кој сите фудбалски фанови очекуваа нашто друго.

Разочарувањето беше големо кај навивачите на „црвените“, но Јирген Клоп уште еднаш покажа зошто е еден од најхаризматичните тренери во светот на фудбалот. На социјалните мрежи се појави видео како Клоп пее во 6 часот наутро во придружба на уште три лица.

– Го видовме европскиот куп, Мадрид ја имаше сета е*ана среќа, ние ќе продолжиме да бидеме кул и ќе го вратиме во Ливерпул, е текстот на песната која Германецот ја изведуваше заедно со својот помошник Петер Кравиц, со Кампино, пејачот а германскиот панк бенд „Ди Тотен Хозен“ и германскиот новинар Јоханес Б. Кернер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top