понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Груевски oбвинет зaшто сакал патиштата да се завршат пред редовните избори

-Сите случаи против мене се политички монтирани процеси – смета поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој во гостувањето во Дневникот на Телевизија Сител вели дека сите случаи на Специјалното јавно обвинителство во кои тој е обвинет се слични на случајот „Тенк“.

-Најеклатантен е примерот кај случајот со патиштата, т.н. „Траекторија“ каде што се создава едно широко распространето мислење дека таму сум земал провизии, за поткуп, а всушност обвинет сум за истото како во „Тенк“, вели Груевски, појаснувајќи дека обвинет е зашто сакал да оствари политичка корист, односно затоа што сакал патиштата да се завршат пред редовните избори и да се стекне со корист кај гласачите.

Вели дека тоа е апсурдна ситуација, додавајќи дека улогата на еден политичар и премиер е да гледа побрзо да се завршуваат проектите.

Обвинет сум по истиот член, за вршење влијание за се оствари корист, ама не корист – материјална, парична. Тоа е друг член. За поткуп, тоа е друг член. Ова член што укажува на некоја друга корист и таму е наведено дека јас сум ги форсирал за побрзо да се заврши итн. Во јавноста со сите сили, пропагандната машинерија на СДСМ се обидува да се искреира слика дека се работи за некаков поткуп, провизии. Дури и така го нарекуваат случајот, „провизиите за патиштата“, а не сум обвинет за провизии, ниту пак, постојат провизии, појаснува Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top