вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Гостивар: Во семејна расправија синот со нож се пробол во стомакот, итно пренесен на скопските Клиники

Вчера околу 16.15 часот на ул. „Никола Парапунов“ во Гостивар, во куќата сопственост на С.С., дошло до несогласување во семејството и во еден момент синот на сопственикот, Б.С. (40) со нож се прободел во делот на абдоменот.

Неговите родители веднаш го однеле во Медицинскиот центар Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top