среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 78 ново

Тројци обвинители на дисциплинска за „крвавиот четврток“, не извршиле увид во Собранието

За тројца обвинители е покрената дисциплинска постапка поради сомнеж дека направиле пропусти во истрагата за крвавиот четврток. Од државното обвинителство за Телма потврдиле дека пред празникот е отворена дисциплинска постапка која ја води комисија.

Обвинителите се товарат дека не извршиле увид на местото на крвичниот настан, односно во Собранието каде лани на 27-ми април се случи упадот и беа повредени над 100 луѓе. Дисциплинската постапка е отворена против раководителката и заменик раководителот во скопското обвинителство, како и против раководителот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Во тоа време овие функции ги извршуваа Златко Биковски, во организиран криминал и Гордана Ѓешковска и Јован Цветановски во скопското обвинителство. Иако е отворена дисциплинска постапка против нив, досега тројцата обвинители никој не ги известил иако веднаш по отварање на постапка тие треба да бидат информирани.

Комисијата која ја води постапката, доколку утврди дисциплинска одговорност има можност да ги казни со опомена, парично или дури и да им врачи отказ. Обвинителите се земени на дисциплинска затоа што според обвинителството не извршиле увид во Парламентот по упадот на крвавиот честврток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top